Утрински Весник
Свет

Претседателот на Финска на 12 мај ќе соопшти дали неговата земја ќе влезе во НАТО

Финскиот претседател Саули Нинисто најави дека одлуката на неговата земја дали ќе стане членка на НАТО ќе ја соопшти на 12 мај.

Наведувајќи дека безбедносната состојба во регионот е променета, Нинисто посочи дека одлуката ќе ја донесе по средба со Владата, политичките партии и невладините организации, јавуваат агенциите.

Нинисто изјави дека острата употреба на воената моќ од страна на Русија предизвика загриженост.

Финската влада, пак, одлуката за членство во НАТО ќе ја соопшти на 14 мај.

Според шведскиот весник „Expressen“, Шведска и Финска ќе аплицираат за членство во НАТО од 17 до 21 мај.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа