Утрински Весник
Спорт

Претседателот на ПСЖ ја поддржува иницијативата за намалување на платите во Лига 1

Претседателот на ПСЖ ја поддржува иницијативата за намалување на платите во Лига 1
Ss2

Париз, 25 март 2020 (МИА) – Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи ја поддржа идејата за намалување на платите на играчите во Лига 1 поради пандемијата од коронавирус. Ова ќе им помогне на клубовите да ги ограничат загубите додека сезоната не продолжи.

ПСЖ најмногу троши на плати во сите клубови во Лига 1. Минатата сезона, парижаните на своите играчи им дадоа надомест за 371 милиони евра. Покрај тоа, 11-те најскапи играчи од Шампионатот се од Пари Сен Жермен.

Ss1

Ал-Хелаифи разговарал со генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Гебрехесус, за да разговараат за тоа како ПСЖ може да биде вклучена во мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“