Утрински Весник
Свет

Претседателот на Португалија позитивен на коронавирус

Претседателот на Португалија позитивен на коронавирус

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза е позитивен на коронавирус, но засега не покажува никакви симптоми, соопшти неговиот кабинет.

Тој е во карантин од минатата недела по контакт со член на неговиот кабинет кој бил заразен со вирусот, пренесува Ројтерс.

Де Соуза (72) ќе се обиде да го освои вториот мандат на претседателските избори на 24 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Непал му се потребни 4,78 милијарди долари за обнова по поплавите и свлечиштата

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД