Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата прва седница, за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор го избра претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

„Како Македонски полициски синдикат кој со своите 8.000 членови е еден од најбројните синидикати во Сојузот на синдикатите на Македонија сме задоволни што конечно оваа важна позиција е доделена на Македонскиот полициски синдикат, Синдикат кој е еден од носителите на синдикалното движење за Јавниот сектор во државата“, се наведува во соопштението по повод изборот.

Од Македонскиот полициски синдикат велат дека познавајќи го добро стилот и еланот за работа на претседателот Кицев, длабоко се убедени оти со прееземањето на функцијата од негова страна, настапот на ССМ во делот јавен сектор ќе биде унапреден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД

Ноќна полициска акција во скопско: Пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

Македонија во жолта фаза: Жештините продолжуваат и во септември