Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска

Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Img 5587

 

Скопје, 29 мај 2020

Со своето неодговорно и несериозно однесување за време на кризата со коронавирусот, Наќе Чулев го загрози јавното здравје и денес сите ги чувствуваме последиците од таквиот неодговорен однос.

Img 5587

Наместо да се стави во функција на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата,  на Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф Мицкоски за случајот со теретаната.

Изјавата на Чулев дека граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонесе за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните.

Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење.

Покрај тоа и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките, а на Денот на полицијата новинари и дипломати дури добија и чадна бомба во непосредна близина.

Денеска, за жал стигнува сметката за неказнувањето и неработата на Чулев, а таа се гледа преку бројот на заразени регистрирани денеска.

Почитувани,

Ова е само уште еден доказ за несовесното и незрело однесување на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ кои на овој начин дејствуваат против јавното здравје.

Чулев по налог на Мицкоски не само што не помага, туку и одмага во борбата против последиците од коронавирусот. На Чулев и ВМРО-ДПМНЕ им е важно само да ја злоупотребуваат полицијата како во времето на режимот, наместо таа да биде во функција на обезбедување на законите.

Затоа почитувани, потребни се избори и нова Влада и Собрание со полн легитимитет од граѓаните.

Изборите се решение за незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и неговите кадри во техничката влада.

На државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен.

 Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт