Утрински Весник
Економија

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе Одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид-19. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Работиме на долгорочно решение за структурно и планско намалување на инфлацијата

Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари