Утрински Весник
Спорт

Преодниот рок за Ливерпул е завршен

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека клубот ги завршил активностите во преодниот рок, пренесува „Скај Спорт“.

dobivaj vesti na viber

Ливерпул ги ангажираше Дарвин Нуњез, Фабио Карваљо и Калвин Ремзи, а со клубот се поврзуваше и Матеус Нуњез од Спортинг. Според Пеп Гвардиола, Нуњез е „еден од најдобрите играчи во светот во моментов“.

„Ќе донесеме нови играчи само доколку некој се повреди, а до крајот на преодниот рок некои фудбалери би можеле да го напуштат Ливерпул. Навивачите на Ливерпул можат да бидат мирни и да се фокусираат на други работи“, изјави Клоп.
Ливерпул во сабота ќе игра против Манчестер сити за трофејот „Комјунити шилд“.

Клубот од „Енфилд“ на 6.август ќе му гостува на Фулам во 1. коло од новата сезона во Премиер лигата.

Можете да прочитате

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Нереди во Аргентина по финалето на СП, десетици уапсени

Шпанија е светски шампион – Аргентина падна во големото финале