Утрински Весник
Свет

Премиерот на Израел се повлекува од политиката

Премиерот на Израел Нафтали Бенет најави дека нема да се кандидира на претстојните, петти избори за помалку од четири години, со што земјата се најде во длабока политичка несигурност додека растат трошоците за живот.

Бенет рече дека ќе ја задржи својата позиција како ротациски премиер откако неговиот коалициски партнер Јаит Лапид го презема водството на техничката Влада.

„Зад себе оставам успешна, силна и сигурна земја. Оваа година докажавме дека луѓето со различни мислења можат да соработуваат“ рече Бенет на новинарите реферирајќи за својата идеолошка коалиција.

Израелскиот премиер минатата недела го распушти парламентот, а конечното гласање за распуштањето на Кнесетот е одложено поради големиот број вложени амандмани.

Можете да прочитате

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина

Клинтон се согласи да сведочи пред Конгресот во истрагата за Епстин

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари