Утрински Весник
Свет

Премиерот на БиХ излечен од коронавирус, утре се враќа на работа

Премиерот на БиХ излечен од коронавирус, утре се враќа на работа

Фадил Новалиќ, премиерот на Федерацијата на БиХ, кој ја напушти болницата пред два дена, каде што беше излечен од коронавирусот, утре ќе се врати на своите должности во Владата на БиХ.

Информацијата ја потврди советникот за медиуми на Новалиќ, Зоран Благојевиќ.

Како што рече, Новалиќ утре ќе претседава со седницата на Владата на Федерацијата.

Тој беше во изолација десет дена откако неговата состојба се влоши и имаше воспаление на белите дробови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените

Сежурне: Најавата на Трамп за прекин на трговските односи со Шпанија е закана за Европа