Утрински Весник
Свет

Премиерката на Нов Зеланд планира венчавка со својот долгогодишен партнер

Премиерката на Нов Зеланд планира венчавка со својот долгогодишен партнер

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн планира да се омажи за својот долгогодишен партнер во текот на летото на јужната хемисфера.

Во интервју за Радио Кост, Ардерн рече дека таа и Кларк Гејфорд конечно го одредиле датумот на венчавка откако објавија дека се свршиле пред две години, пренесе АП.

Таа не го прецизираше точниот датум, освен што рече дека тоа ќе биде во текот на летото на јужната хемисфера, кое трае од декември до февруари.
Ардерн и Гејфорд имаат двегодишна ќерка Нева.

Во 2018 година, таа стана втора избрана светска лидерка во модерната историја која родила додека била на функција.

Гејфорд работи како презентер во телевизиска емисија за риболов.

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд