Утрински Весник
Македонија

Презентиран проектот за изградба на гасоводна мрежа во Радовиш

Презентиран проектот за изградба на гасоводна мрежа во Радовиш

Струмица, 28 февруари 2020 (МИА) – Главниот магистрален гасовод на територијата на општината се предвидува да биде завршен до крајот на оваа година, а гасоводната мрежа во Радовиш треба да биде завршена и ставена во функција до крајот на првата половина од 2021 година, информира градоначалникот Герасим Конзулов по вчерашната презентацијата на проектот „Гасификација на Радовиш“ од страна на проектантот „Филбис“ од Скопје пред членовите на Советот на општина Радовиш.

-Вкупната мрежа за гасификација на градот Радовиш изнесува приближно 7.000 метри должни, што би опфатило изградба на главни кракови на гасоводен систем, изградба на споредна мрежа на гасоводен систем, како и изградба на сите други потребни помошни објекти на трасата, додаде градоначалникот Конзулов.

Планирано е, посочи, преку дистрибутивните системи за природен гас да се снабдуваат домаќинствата, колективни и индивидуални станбени објекти, индустриски и комерцијални објекти, со што ќе се задоволуваат потребите од затоплување и употреба на гасот.

Општина Радовиш е една од општините во државата која е опфатена со новоизградениот магистрален гасовод Клечевци-Неготино-Битола и за неа е оставен приклучок и мерно-регулаторна станица со капацитет од 5.000 нормални кубни метри гас на час. рт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор