Утрински Весник
Спорт

Осумгодишна суспензија за олимпискиот шампион во пливање Сун Јунг поради допинг

Осумгодишна суспензија за олимпискиот шампион во пливање Сун Јунг поради допинг

Лозана, 28 февруари 2020 (МИА) – Осумгодишна суспензија за кинескиот олимписки шампион во пливање, Сун Јанг, е одлуката на судот за арбитража во Лозана за носителот на вкупно шест одличја од Олимпијадите, од кои три златни.

Казната е по барање на Светската антидопинг агенција (ВАДА), откако Јанг за време на тестирање го уништил својот примерок со крв. Претходно, тој беше ослободен од обвинение од Светската пливачка асоцијација (ФИНА), и покрај конфликтот во кој влезе со други пливачи кои тврдеа дека се допингува,.

Сун има 28 години и најави жалба на одлуката која, ако остане на сила, ќе значи и крај на неговата кариера. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина