Утрински Весник
Магазин

Предмети од почетоците на хотелот „Риц” продадени за 1,7 милиони евра

Предмети од почетоците на хотелот „Риц” продадени за 1,7 милиони евра

Париз, 24 јуни 2020 (/) – Кристални чаши, порцелански сервиси, покривки и постелнина од почетоците на светски познатиот хотел „Риц” во Париз, беа продадени на аукција за вкупно 1,7 милиона евра.

Во аукциската куќа Арќуријал, во рамките на тридневното наддавање беа продадени околу 1.500 предмети. Во интернет-распродажбата учество зедоа над 500 купувачи од 25 земји. Аукцијата прво  беше планирана за април, но беше одложена поради корона-пандемијата.

Меѓу продадените скапоцености е и сервис „Марта” од 12 чинии, порачан од Сезар Риц 1898 година, при отворањето на хотелот. За него денес платената сума е 6.800 евра, што е 45 пати повисока од првичната проценка.

Две од прочуени масички за сервирање, со тркалца – „Кристофл” се продадени за 18.200 и 13.000 евра. Натаму, кофа за шампањско се платени од новите сопственици со вкупно 11.700 евра – 58 пати повисоко од првичната проценка.

Пред две години, во април 2018 година, Арќуријал продаде една од историските мебел-гарнитури од истиов хотел, за 7,5 милиона евра. Таа сума тогаш седумкратно ја надмина првичната проценка.

Хотелот е отворен на 1 јуни 1898 и с уште е активен. Во 1950-тите и 60-тите тука се снимени неколку светски познати филмови.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста