Утрински Весник
Македонија

Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт  – одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.

„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, соопштија од Министерството.

Предлогот е достапен за увид и коментирање на веб страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk , а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи на почетокот на февруари.

Мислења, забелешки и сугестии може да се достават на [email protected] .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната

ВЛЕН: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

УГД Штип: Имаме нулта толеранција за корупција