Утрински Весник
Македонија

Прегазено дете во Струшко

Прегазено дете во Струшко

Малолетен пешак бил прегазен од автомобил синоќа на на регионалниот пат кај струшкото село Луково.

„Патничко возило „фолксваген пасат“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ц.(26) од Дебар удрило во малолетен пешак од селото Луково. По незгодата пешакот е пренесен во Медицински центар – Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од ОВР Струга.

Можете да прочитате

„Преспа што нè поврзува“ – Светскиот ден на езерата одбележан во Ресен

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати

Почина професорот и дипломат Јован Донев