Утрински Весник
Свет

Прво ќе се вакцинира заменикот на Бајден, потоа и новоизбраниот претседател

Прво ќе се вакцинира заменикот на Бајден, потоа и новоизбраниот претседател

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден следната недела најверојатно ќе прими вакцина против коронавирус, соопшти преодниот тим на Бајден. Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека во петок ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место, пренесува Ројтерс.

Неколку дена претходно, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш изјавија дека и тие ќе бидат вакцинирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот