Утрински Весник
Македонија

Прво учество на Северна Македонија на состанок на НАТО како полноправна членка

Северна Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка 

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Северна Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

По официјалното зачленување на земјава во НАТО на 27 март 2020 година и по церемониите на подигање на македонското знаме во седиштето и воените команди на НАТО, претстојниот состанок е прв работен настан на министерот Димитров каде активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активности на Алијансата, се наведува во соопштението.

Најавувајќи годенешниот состанок, кој заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот ќе се одржи преку видеоконференција, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, вчера најави дека на собирот „ќе и биде посакно добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка“.

– Дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред, изјави Столтенберг.

Според најавите, министрите на заседанието во најголем дел ќе се фокусираат на координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата

– Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благдариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО најави дека Северна Македонија, како најнова членка, исто така го користи системот за одговор на кризи на Алијансата за да се координира на владино ниво. – Витална е помошта за цивилните напори, вклучително преку теренски болници, транспорт, обезбедување на граничните премини, утре кога ќе се состанат министрите ќе ги разгледаме начините на координација користејќи ги воените капацитети на НАТО, додаде Столтенберг.

– Ќе разгледуваме како да ги искористиме воените капацитетите и структурата на НАТО, за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка на националните одговори на Ковид-19, бидејќи сите заедно сме во оваа криза и нашиот заеднички одговор ќе биде поефективен. Клучната задача на НАТО, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во светот, мора да се сочува и мора да се осигураме дека оваа здравствена криза нема да прерасне во безбедносна криза, предупреди генералниот секретар.

Но, на состанок на ГАК, покрај за зајакнување на одговорот на земјите на НАТО во справување со кризата со Ковид-19, ќе се разговара и за основните операции и мисии на Алијансата, вклучително и за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија. сп/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер