Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Првите амрикански војници пристигнаа во Романија

Првите амрикански војници пристигнаа во Романија
300x250 opst2

Првите американски воени трупи кои ги зајакнаа сојузничките сили на НАТО на источното крило пристигнаа во Романија, потврди романскиот министер за одбрана Василе Динчу.

Toj им рече на новинарите дека првите 100 американски војници се во Романија и дека се занимаваат со логистика.

„ Американците пристигнаа. Повеќе од 100 специјализирани американски војници, заедно со нашите специјалисти за логистика, се подготвуваат, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници“, рече Динчу.

САД испраќаат речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза. Пентагон објави дека ескадрилата Страјкер, од околу 1.000 американски членови од Вилсек, која се наоѓа во Германија, ќе ја премести во Романија.

Американските војници во саботата почнаа да пристигнуваат во Полска.

САД во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и е домаќин на систем за одбрана од балистички проектили.

Франција, исто така, објави дека планира да испрати војници во Романија.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица