Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Првиот рок за упис во средните училишта во Гостивар се одвива според здравствени протоколи

Првиот рок за упис во средните училишта во Гостивар се одвива според здравствени протоколи
Img 7972

Гостивар, 16 јуни 2020 (МИА) – Уписите на учениците прва година во средните училишта во Гостивар започнаа со спроведување на мерки за заштита. Во конкурост на Министерството за образование и наука (МОН) е наведено дека има места за близу две илјади завршени основци на три наставни јазици, албански турски и македонски.

Четирите општински средни училишта денеска ги отворија вратите за завршените основци за да ги примат документите потребни за упис.

Во СОУ Гостивар или популарната гимназија во прва година има слободни работни места за 304 ученици во 13 паралелки, а според зборовите на директорот Мирасд Исеини, уписот се одвива според препораки дадени од МОН и приемот на документите се одвива во дворот на училиштето.

Со заштитни мерки за спречување ширење на коронавирусот запонча и уписот во Општинското средно економско училиште каде има место 442 ученици

Во општинско медицинско средно училиште во првата година ќе можат да се запишат 272 ученици.

Линдита Тахири, координатор на уписот во општинското техничко средно училиште оцени дека интересот на полуматурантите е задоволителен. Во ова средно училиште има место за нови 750 ученици.

Резултатите од уписите за првиот рок ќе бидат објавени на 19 јуни. Вториот рок е закажан за 24 и 25 јуни, а доколку останат места ќе има и трет уписен рок на 1 јули. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп