Утрински Весник
Македонија

Почина седумгодишно дете во Велес

Почина седумгодишно дете во Велес

Велес, 16 јуни 2020 (МИА) – Седумгодишно дете без знаци на живот било донесено вчера во болницата во Велес. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.
Случајот го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски кој информира дека телото на почнатото дете е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Детето имало здравствени проблеми и утрото му се влошила состојбата.
Во СВР Велес случајот е пријавен вчера во 12:35 часот.
Портпаролот на Здравствениот дом во Велес, Страхил Тодоров изјави дека родителите го донеле детето вчера во 11:54 часот во амбулантата на Брза помош.
– По извршениот медицински преглед било заклучено дека детето е без знаци на живот, со видливи мртовечки дамки по телото и подуеност на стомакот над ниво на граден кош. Веднаш е пристапено кон реанимација согласно протоколот за деца, амплицирана е ампула адреналин и обезбеден е дишен пат и итно транспортирано со амбулантно возило во Ургентниот центар на Општата болница. За време на патот, цело време е давана реанимација, информира др Тодоров.
Портпаролот на Општата болница Весна Неделковска-Николова информира дека детето е примено во коматозна,цијанотична состојба без сопствено дишење и без срцева акција.

-Веднаш е започната реанимација  по протокол, но не е воспоставена срцева акција и дишење и е констатирана смрт во 12:20 минути, информира Неделковска-Николова.

Според информации од двете здравствени установи, родителите утрото околу 8 часот го однеле детето на преглед кај неговиот матичен лекар. ад/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТХП прослави 27 години постоење

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

СДСМ: Алта банка падна, Обвинителство веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески