Утрински Весник
Свет

Прва анкета по дебатата: Повеќето гледачи мислат дека победил Бајден

Прва анкета по дебатата: Повеќето гледачи мислат дека победил Бајден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според анкетата на мрежата СиБиЕс спроведена по американската претседателска дебата, повеќето гледачи сметаат дека дебатата имала „негативен“ тон, а само 17 проценти рекле дека почувствувале позитивни вибрации за време на дуелот.

Анкетата покажала дека 48 проценти сметаат дека демократскиот кандидат Џо Бајден бил подобар, а 41 процент мислат дека во дебатата победил Доналд Трамп. Останатите сметаат дека двајцата се изедначени.

Вкупно 69 проценти од испитаниците рекле дека биле „изнервирани“ од расправата меѓу Трамп и Бајден, а само 17 проценти рекле дека дискусијата ги „информирала“. Близу 20 проценти од луѓето рекле дека дебатата била песимистична.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија