Утрински Весник
Македонија

Пратеничката Зајкова хоспитализирана поради Ковид-19

Пратеничката Зајкова хоспитализирана поради Ковид-19

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на коронавирус и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од коронавирусот“, објави Зајкова на социјалните мрежи.

Таа вели дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната
температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност.
Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, пишува Зајкова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила

Околу 10.800 ученици од прва година средно стручно образование се првата генерација која ќе учи СТЕМ вештини за професиите на иднината