Утрински Весник
Култура

Праизведба на претставата „Торонто експрес“

Праизведба на претставата „Торонто експрес“
300x250 (7)

Со особено задоволство ја најавуваме најновата претстава на МНТ „Торонто експрес“ работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, својата праизведба ќе ја доживее на 15 декември со почеток во 20 часот.
Главниот лик е доверен на маестралниот Александар Микиќ.


Исто така, ја најавуваме и промоцијата на книгата „Торонто експрес“/„Тибам Штркот – апдејт“, која ќе се случи на 7 декември во просториите на книжарницата Литература во Ист Гејт Мол во 20 часот, а читателите со секоја купена книга добиваат ваучер/билет, кој ќе можат да го искористат во месеците што следат.

300x250 (7)

Претставата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам Штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија.
Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта — дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

На адаптацијата на текстот работеа: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Како извршен продуцент се потпишува Виктор Рубен, сценографското решение е на Мартин Манев и костимограф е Роза Трајческа-Ристевска.
Следните изведби се закажани на 16 и 20 декември.

(ПР-текст)

Текстот Праизведба на претставата „Торонто експрес“ е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“