Утрински Весник
Свет

По 100 долари за сите нововакцинирани во САД

По 100 долари за сите нововакцинирани во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, ги повика властите на американските држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин со 100 долари, со што би се зголемила стапката на имунизација, објави Министерството за финансии.

Во соопштението се вели дека за таквата иницијатива може да се користат средствата од фондот од 350 милијарди долари наменет за државите, локалните и другите власти да се борат против последиците од пандемијата.

Министерството соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за користење на фондот за поддршка на поголема вакцинација, објави Ројтерс.

Можете да прочитате

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б