Утрински Весник
Македонија

По 10.000 дози „астразенека“ и „спутник“ се очекува да стигнат во следните денови

По 10.000 дози „астразенека“ и „спутник“ се очекува да стигнат во следните денови

В петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астразенека“ како донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.

„Граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација којашто е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес“, изјави Филипче.

 

Можете да прочитате

Тепачка на семејна веселба во село Броштица, приведени пет лица

Спасено повредено лице од непристапен терен на Пелистер

Скопјанец ја натепал сопругата и нејзината мајка