Утрински Весник
Свет

По скандалот со забавите, Џонсон денеска ќе се обрати во парламентот

По скандалот со забавите, Џонсон денеска ќе се обрати во парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се обиде да ја зајакне својата позиција како премиер по бунтот и постапките на членовите на неговата Конзервативна партија, кои се лути поради низата забави на Даунинг стрит за време на карантинот.

Џонсон во моментов се соочува со повици да поднесе оставка по серијата откритија за собири во Даунинг стрит за време на карантинот поради со Ковид-19, потсетува Ројтерс.

Тој во неколку наврати се извини за собирот, наведувајќи дека не знаел за многу настани, иако присуствувал на еден настан на 20 мај 2020 година, за кој, како што тврди, сметал дека е од работен карактер.

Џонсон денеска ќе се обрати во парламентот, откако се очекува неговиот кабинет да ги одобри плановите за укинување на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот во Англија.

Можете да прочитате

Пукање во Ница, има убиени и ранети

Ќе се репризира ли Ковид? Франција со строги мерки за спречување на ширењето на хантавирусот

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда