Утрински Весник
Свет

По речиси пет месеци Националната гарда заминува од Капитол

По речиси пет месеци Националната гарда заминува од Капитол

Војниците на американската Национална гарда започнаа да го напуштаат Вашингтон во понеделникот, каде скоро пет месеци го штитеа Конгресот, по нападот на 6 јануари.

Министерот за одбрана Лојд Остин им се заблагодари на војниците и на воздухопловците што помогнале на полицијата во Капитол Хил и на локалните власти да ја зајакнат безбедноста по насилниот инцидент, пишува „Гласот на Америка“.

Пет лица, меѓу кои и еден полицаец, беа убиени во немирите на Капитол Хил на 6 јануари, за време на упадот на приврзаниците на поранешниот претседател, Доналд Трамп.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата додека траеше седницата за потврда на победата на сегашниот претседател Џозеф Бајден на изборите.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“