Утрински Весник
Свет

По подолга блокада, Германија отвори детски градинки и училишта

По подолга блокада, Германија отвори детски градинки и училишта
300x250 (7)

Училиштата и градинките во повеќето сојузни германски држави од денеска повторно ги отвораат вратите за учениците од пониските училишта и матурантите со строги хигиенски правила и почитување на пропишаните мерки, информираат германските медиуми.

“Добро е што многу училишта сега постепено воведуваат часови со присуство на ученици во училиштата. Децата, особено помладите, имаат потреба едни од други”, изјави федералната министерка за образование Ања Карличек.

300x250 (7)

Таа апелираше до родителите и наставниците да се придржуваат до сите мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Последните случувања со епидемиолошката состојба со повторното појавување на бројот на нови инфекции и ширењето на мутирани соеви на коронавирусот бараат претпазливост“, рече Карличек.

Кабинетот, кој ги обединува министрите одговорни за борба против пандемијата, денеска дискутираше и за масовното спроведување на тестовите како дополнителна мерка во процесот на нормализирање на работата на училиштата и градинките.

Од денеска, спортот на отворено во Германија е повторно дозволен, но само за луѓе од едно домаќинство во присуство на едно лице од друго домаќинство.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина