Утрински Весник
Технологија

По повод 10 години постоење Инстаграм додаде нова опција за менување на логото

По повод 10 години постоење Инстаграм додаде нова опција за менување на логото
300x250 (7)

Една од најпопуларни социјални мрежи, Инстаграм слави 10 години постоење откако за првпат се појави на Ејпл маркетот на 6 октомври во 2010 година.

„Како што еволуираше Инстаграм, покажавте дека постојат бесконечни можности како да се сподели светот околу нас. Вашата креативност, љубопитност и хумор нè туркаат напред, создавајќи ја иднината. Ајде да продолжиме!“, велат од Инстаграм.

Ss1

По повод роденденот, од Инстаграм најавија дека во текот на месецов ќе може да се промени класичната икона на самата апликација во стариот облик на фотоапаратите Полароид, со тематски варијации на актуелното лого, како и со боите на виножитото или пак, монохроматски опции.

Со ажурирање на апликацијата достапна е уште една нова карактеристика, а тоа е приватна мапа и архива на приказните што корисниците ги имаат објавено во изминатите три години.

Инаку, првата објавена фотографија на Инстаграм е на еден од основачите кој ја наслови како „тест“. Оттогаш па досега Инстаграм претрпе многу промени со што самата апликација станува се поактуелна.

View this post on Instagram

test

A post shared by Kevin Systrom (@kevin) on Jul 16, 2010 at 2:24pm PDT

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META