Утрински Весник
Магазин

По Дуа Липа, нова провокација: Албанска манекенка малтретирала возач од Србија

По Дуа Липа, нова провокација: Албанска манекенка малтретирала возач од Србија

Албанската манекенка Лорена Халити се пофали на својот твитер-профил дека му пуштала албански песни на српски возач додека се возела со „Убер“ во Америка.

Тој им се пожалил на нејзините работодавци за директната провокација на манекенката, објаснувајќи дека тоа не е во ред од нејзина страна затоа што тој ја вршел својата работа професионално и коректно, додека таа препознала по име и презиме дека тој е Србин.

Тој исто така во мејлот на жалбата навел дека односот меѓу Албанија и Србија е сè уште многу чувствителна тема и дека го загубил својот татко во војната и дека е сигурен дека во спротивна ситуација, ако тој и пуштал српски песни, таа уште побрзо ќе испратела жалба до компанијата „Убер“.

„Замислете свет каде што еден Германец му пушта нацистичка музика на еврејски возач? Или каде што човек од Турција му пушта турска музика на возач од Ерменија“, напиша тој, меѓу другото.

Кога работата почнала да се шири и кога „Убер“ го избришал нејзиниот налог на нивната платформа, таа го избришала твитот во кој се фали за своите постапки и во кој тврди дека „Убер ја поддржува ксенофобијата и етничката дискриминација“, па затоа ја забраниле.

„Јас веќе нема да молчам. Вашиот српски возач поднел тужба до мојот работодавец затоа што слушав албанска музика додека возам. Вие продолживте да ја поддржувате ксенофобијата и етничката дискриминација, забранувајќи ме без никаква истрага. Ова е одвратно и неподносливо“, напиша таа.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак