Утрински Весник
Македонија

По десет години струмичките пожарникари извлекоа пешачки мост од бездна урнат од поплава

По десет години струмичките пожарникари извлекоа пешачки мост од бездна урнат од поплава

Струмица, 15 мај 2020 (МИА) – Пожарникари од Територијалната против пожарна единица од Струмица денеска го извлекоа пешачкиот мост, кој десет години беше во бездна до трим патеката која води до манастирот „Свети Илија“.

-Мостот беше урнат пред десет години од големата поплава која го зафати градот во септември 2010 година. Со специјален алат успеавме да го извлечеме и повторно да го поставиме на патеката, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Додаде дека мостот нема многу оштетувања и може да се користи, но во наредните денови заедно со ЈПКД „Комуналец“ ќе преземат мерки за да биде сигурно преминувањето преку него. рс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Утре состанок со опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик

Машко лице најдено починато во стан во Аеродром

Сопственикот на „Baking Bread“ ги демантира гласините: Нема да бараме ниту денар од осигурување