Утрински Весник
Македонија

ОЈО Велес поднесе предлози за казни на девет лица кои го прекршиле полицискиот час

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од обвинителството.

Јавниот обвинител предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила