Утрински Весник
Спорт

По грешка уапсен фудбалер на Милан

Италијанската полиција денеска по грешка го приведе фудбалерот на Милан Тиемуе Бакајоко, објави новинарот на „Спорт Италија“, Танкреди Палмери.

dobivaj vesti na viber

Како што може да се види на видеото што го сподели Палмери на социјалните мрежи, полицијата го пресретнала автомобилот во кој се наоѓал францускиот фудбалер.

Еден од полицајците го претресувал Бакајоко од глава до петици, а неговите колеги на нишан држеле лицето кое останало во автомобилот.

Фудбалерот на Челзи, кој ќе помине уште една година на позајмица во Милан, не пружал отпор, постапил по наредбите на полицијата.

Италијанските власти брзо сфатиле дека направиле голема грешка и Французинот бил ослободен.

Бакајоко кариерата ја почна во Рен, а играше и за Монако, Челзи, Милан и Наполи.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија