Утрински Весник
Македонија

По барање на студентите читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци ќе работи 24 часа

По барање на студентите читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци ќе работи 24 часа
Img 5587

Работното време на читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска.

Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Img 5587

Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада

Финансии одлучи да се вратат старите цени на полисите при регистрација на возила

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје