Утрински Весник
Македонија

Почнува изградбата на фекална канализација во село Усје

Почнува изградбата на фекална канализација во село Усје

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода почнува со изградба на 2.986 метри фекална канализација во село Усје.

Договорот за изградба на канализацијата денеска беше потпишан од Општина Кисела Вода со фирмата изведувач на градежните работи „Енергомонт“.

– Согласно изготвениот проект, се работи за седум крака фекален систем со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот. Ова ќе значи решение за околу  1500 жители на овој дел од Кисела Вода,  кои години нанзад имаат проблеми поради непостоење на систем за одведување на отпадните води. Средствата за реализација на целокупниот проект ги обезбеди Општина Кисела Вода, наведуваатт од општинската прес-служба.

Оттаму наведуваат дека новопредвидената фекална канализација треба да биде завршена во рок од осум месеци од отпочнувањето на градежните активности. фф/сп/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот