Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
300x250 (7)

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Ф.(65) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик на РСМ.

Пријавениот на 2 јануари.2020 на 44-годишен маж од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22 мај 2020 му барал уште 16.000 денари.

Ss1

На 26 мај 2020 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“, во близина на крстосница со бул.„Илинден“, биле опожарени два пластични контејнери на ЈП „Комунална Хигена“-Скопје. Увид бил извршен.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Л(53) и А.Л.(47), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тие во текот на 2019 година, во својство на инвеститори и сопственици, на локација во Струга без соодветно одобрение започнале со изградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорите им се наложува да се прекине со изградбата и во определен рок да се усогласи објектот според претходно издаденото одобрение.

На 26 мај 2020 од 18.10 до 19.30 часот, по издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во куќа на ул.„Даме Груев“ каде престојува С.С.(28) од Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени марихауана и дигитална вага. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26 мај 2020 во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26 мај 2020 во СВР Тетово, Н.Н. пријавил дека во село Горно Јеловце, во близина на рибникот, забележал непознато лице, најверојатно мигрант.

Полициски службеници од Полициска станица-Гостивар и од Полициска станица за Граничен надзор-Маздрача излегле на местото каде било затекнато лицето О.С. (26) од Сирија. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

На 26 мај 2020 во 19.30 часот во Полициската станица Тетово, Г.А.(47) од Тетово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило „ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки.

Според пријавеното, околу 14 часот, додека бил на работа како такси возач, на регионалниот пат Тетово – Желино, пред седиштето на такси компанијата, лицето физички го нападнало, откако претходно го следело со возилото од кружниот тек од булевар „Маршал Тито“ и булевар „Видое Смилевски Бато“, каде што имале недоразбирање околу првенство на минување. Исто така, според пријавеното, лицето извадило и пиштол и му се заканило на Г.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26 мај 2020 во 6.53 часот било пријавено дека на делот од пругата помеѓу железничка станица Маџари и железничка станица Илинден, кај населба Хиподром, непознато возило удрило и ја оштетило железничката рампа на патниот премин, по што го напуштило местото.

Се работи на расчистување на случајот.

На 26 мај 2020 околу 19.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во куќа на ул.„Вардарска“, сопственост на К.Ј.(57), настанал пожар во кој била зафатена една соба.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 26 мај 2020 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во 15.15 часот настанал пожар во куќа на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, сопственост на Т.Е.(75).

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани. Во пожарот нема повредени лица, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани.

На 26 мај 2020 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14) од Кавадарци, кој и претходно во неколку наврати се оддалечувал од установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 26 мај 2020 во 22 часот во СВР Скопје, А.М.(35) од Скопје пријавила дека од семејниот дом на ул.„Хаџи Трајко“ во Скопје се оддалечила нејзината ќерка А.С.(14) од Скопје.

Според пријавеното, околу 20.58 часот телефонски и се јавила на пријавителката и кажала дека е кај нејзина другарка во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 26 мај 2020 во 14.50 часот во Полициската станица Тетово, Д.З.(68) од Тетово пријавила дека на улица „180“ била касната од куче скитник.

На 26 мај 2020 во 18.30 часот во Полициската станица Тетово, Ј.С.(38) од Тетово пријавил дека неговиот малолетен син пред куќата бил каснат од куче скитник.

На 26 мај 2020 во Полициската станица Кичево, Д.К.(78) од Кичево пријавила дека на 22 мај 2020 била касната од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 1 мај 2020, пријавениот во повеќе наврати телефонски му се јавил на полициски службеник од СВР Штип и му упатувал закани по животот во врска со претходно преземени службени дејствија, односно за поднесена на кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, против Р.Л., пријател на пријавениот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’.

На 8 мај 2020 во Тетово, пријавениот со метална шипка го нападнал Љ.А.(37) од Тетово, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(30), Ј.П.(24) и Б.М.(35), тројцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”.

На 2 мај 2020 во кумановското село Пчиња пријавените физички го нападнале Ј.Н. и му нанеле повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(23), Б.С.(23) и М.И.(23), тројцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

Пријавените, заедно со уште шест непознати лица, на 24 декември 2019 ги забележале А.А., А.С., М.А. и А.С. од Куманово, кои се движеле со патничко возило „мерцедес” и во погоден момент им го попречиле патот, по што излегле од две возила и со тврди предмети удирале и го оштетиле возилото „мерцедес“.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.Ц.(39) од неготинското село Црвени Брегови поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“.

На 17 мај 2020 во село Црвени Брегови пријавениот отишол во неговиот дом, иако со решение од 8 мај 2020 од Основен суд Неготино, му била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство „забрана за приближување до домот“, поради претходно сторено семејно насилство кон неговата сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р. (26) од тетовското село Пирок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 30 април 2020 на локален пат полициски службеници запреле патничко возило „тојота рав 4“, управувано од Ф.Р.. При извршена контрола било констатирано дека пријавениот не поседувал документи за возилото, додека поставените регистарски ознаки се лажни и припаѓаат на друго патничко моторно возило.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Ш.(32) од Струга и против приватна фирма од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот, како сопственик на правното лице, во период од 3 април до 7 април 2020 изготвил и издал четири лажни дозволи за движење во време на забрана за движење на лица кои не биле вработени во правното лице.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(49) од Струга и против приватна фирма од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот, како сопственик на правното лице, на 6 април 2020 изготвил и издал лажна дозвола за движење во време на забрана за движење на лице кое не било вработено во правното лице.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 5 мај 2020 во 22 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово со употреба на физичка сила и закана од Ф.Љ.(50) од Куманово одзел пари и побегнал.

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Л.Ј.(35), У.С.(23), М.Ф.(30), А.П.(26), Ф.С.(51), Ф.С.(45), Ј.П.(33), Ј.С.(31), А.И.(30), сите од тетовското село Слатино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’.

На 26 април 2020 тие во време на полициски час се забавувале и запалиле оган на улица на главниот пат село Слатино – Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ф.(51) од тетовското село Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 14 мај 2020 околу 11.30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како врши организиран превоз на патници со патничко возило „форд транзит“ за време на полициски час, без лиценца за вршење на јавен превоз.

СВР Охрид поднесе 10 кривични пријави против С.Љ.(25) од село Матејче – општина Липково, С.М.(52) од село Смешница – Струга, Ж.Б.(28) од Скопје, Ф.Р.(40) од Скопје, Р.Љ.(40) од Арачиново – Скопје, В.Н.(39) од село Липково, општина Липково, Ш.А.(45) од Чаир – Скопје, Ф.Б.(39) од Тетово, А.Х.(27) од село Отља – општина Липково, Н.А.(38) од Крушево, М.С.(61) од село Осој – Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, додека биле сместени во карантин во хотел, во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници. хс/ 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме галопирачката сиромаштија која е особено изразена кај ромската заедница

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина