Утрински Весник
Македонија

Почнува вакцинирањето со руската вакцина „спутник В“

Почнува вакцинирањето со руската вакцина „спутник В“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“.

Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок
ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири