Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкција на фекална канализација во кумановски Средорек

Почна реконструкција на фекална канализација во кумановски Средорек

Куманово, 1 јуни 2020 (МИА) – Почна реконструкцијата на фекалната канализација во кумановската населба Средорек, објави денеска општина Куманово.

Реконструкцијата ќе опфати 241 метар од канализацијата. Уредувањето на канализациската мрежа ќе го подобри животот на граѓаните од оваа населба која се наоѓа во непосредна близина на речното корито на Кумановка.

– Почнуваме со реализација на годишната програма за изградба на фекална канализација. Првпат во оваа населба после подолг временски период ќе се реализира инвестиција во износ од 2,1 милиони денари. Изведувач на работите е фирмата „Кооп Инжинеринг“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

По завршување на трасата еден и два, Димитриевски најави дека ќе побара од Советот на општината да одвои дополнителни средства за да се продолжи со реализација на останатите траси.

Средорек е една од најстарите населби во Куманово, во непосредна близина на поширокото централно градско подрачје. Димитриевски смета дека со оваа активност ќе се овозможи урбано, модерно живеење за жителите и најави дека во соработка со советниците од ромската етничка заедница ќе разговараат со граѓаните за организирано изнесување на смет. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание