Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, активностите ќе траат еден месец

Почна реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, активностите ќе траат еден месец

Започнува реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“ во населбата Карпош 4. Градот Скопје ќе го обнови коловозот во должина од 580 метри, кој ги поврзува булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“. Исто така, предвидена е реконструкција и на оштетените делови од тротоарите, но и замена на рабниците.

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев говореше и за други активности кои ги презема локалната самоуправа за подобрување на локалната инфраструктура.

„Ја започнавме постапката за реконструкција на улицата „Вич“, со неколку краци – пристапи до згради. Минатата недела заврши реконструкцијата на улицата „Ловќенска“ 4 во Козле, претходно и на „Новопроектирана“ во Криви Дол, a беа обновени и краци на улици во Бардовци“, рече Богоев.

На вчерашната седница на Совет, Општина Карпош ја започна и постапката за реконструкција на неколку улици во Карпош 1 и Карпош 2 и тоа: „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“, „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека градежните активности на „Никола Парапунов“ ќе траат 30 дена.

„На оваа улица предвиден е и третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на бул. „Илинден“ и „Партизански одреди“. Сакам да им се заблагодарам и на граѓаните кои во овој период имаат разбирање за градежните активности кои се одвиваат во сите скопски општина“, рече Шилегов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци