Утрински Весник
Свет

Почна вакцинацијата во старските домови во САД

Почна вакцинацијата во старските домови во САД

На третиот ден од масовната вакцинација во САД првите дози од вакцината стигнаа во старските домови, каде што коронавирусот досега одзеде 110.000 животи во земјата.

Првин се вакцинирани речиси 2.000 корисници на домовите за стари во Западна Вирџинија, а во тек е вакцинацијата на штитениците на Флорида.

„Се надевам дека ќе ми помогне да не добијам корона“, вели пензионираната наставничка Вера Лајп (88) од домот кај Форт Лодердејл.

Следните денови ќе се вакцинираат илјадници Американци во старските домови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски е подготвен за средба со Путин

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон