Утрински Весник
Македонија

Почнаа да се градат новите детски игралишта во Аеродром

Почнаа да се градат новите детски игралишта во Аеродром

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Општина Аеродром почна со изградба на новите детски игралишта што ги најави неодамна на неколку локации низ општината.

– Денеска градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните работи во паркот „Нинрберг“ во Ново Лисиче, една од локациите каде што ќе се гради детско игралиште. Нови детски игралишта се градат уште на две локации, и тоа на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“ меѓу трите кули, инфомираат од Општина Аеродром.

Овие активности според градоналаникот Златко Марин се дел од проектот за уредување и реконструкција на сите детски игралишта на целата територија на општината и во насока на обезбедување безгрижна и безбедна детска игра. оџ/дма/
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање