Утрински Весник
Магазин

Почина Хилтон Валентајн, гитаристот на „Анималс“

Почина Хилтон Валентајн, гитаристот на „Анималс“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гитаристот на бендот The Animals, Хилтон Валентајн, кој ги создаде еден од најпознатите воведни рифови во поп музиката на 60-тите, почина на 77-годишна возраст.

Верзијата на песната House of the Rising Sun на овој британски бенд беше на врвот на топлистите во Британија и САД во 1964 година, пренесува „Би-би-си“.

Дискографската куќа на „Анималс“, „АБКСО Мјузик“ го опиша Валентајн како гитарист пионер кој влијаеше на звукот на рокенролот во наредните децении.

Валентајн починал во петокот, дискографската куќа објави на Твитер. Причините за смртта не се наведени во твитот.

„Анималс“ беа значаен дел од британската музичка инвазија во САД. Првата, оригинална и најдобра постава на бендот ја сочинуваа Ерик Бардон вокал, Ален Прајс клавијатури, Брајан Чес Чендлер бас-гитара, Хилтон Валентајн гитара и Џон Стил удиралки.

Прекрасните поп-звуци на House of the Rising Sun.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо