Утрински Весник
Свет

„Луфтханза“ започна најдолг лет во својата историја

„Луфтханза“ започна најдолг лет во својата историја

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера започна најдолг нон стоп лет во историјата на германската авијација.

Авионот полетал од Хамбург кон островот Фокланд, лет долг 13,7 илјади километри. Летот треба да трае 15 часа и 35 минути, објави компанијата.

Истражувачите од германскиот институт „Алфред Вегенер“ и новата екипа на германскиот истражувачки мразокршач, „Поларстерн“, летаат кон воената база „Маунт Плејант“. Кога ќе слета на Фокландските острови, екипажот ќе се качи на мразокршач и ќе помине два месеци на Веделовото море на Антарктикот, собирајќи податоци за климатските прогнози.

Во нормални времиња, екипажот патуваше преку Аргентина или Јужна Африка до Антарктикот. Поради пандемијата на коронавирусот, вакви закажани летови не доаѓаат во предвид.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви