Јапонскиот стрип-автор Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“, почина на 54-годишна возраст во Јапонија. Причината за смртта е срцев удар.
Миура е најпознат по неговата серија „Берсерк“, која ја започна во 1989 година и која во продолженија излегуваше цели 32 години. За тоа време, беа продадени над педесет милиони примероци и се смета за најуспешна јапонска манга (стрип) серија.
Тажната вест за смртта на Мијура ја објави неговиот издавач Хакусенша.
Thank you for the legacy you have left us, Kentaro Miura pic.twitter.com/ikHmgKVmCx
— THE ART OF VIDEO GAMES (@VideoArtGame) May 20, 2021
Фановите ги преплавија социјалните мрежи со објави дека жалат за неговата смрт. Тие посочуваат дека стрипот што Миура го црташе со децении им бил голема инспирација и дека веста за неговата смрт е тежок удар за нив.
We have to announce that Kentaro Miura, the author of “BERSERK”, has passed away on May 6th due to acute aortic dissection. https://t.co/ZipAQTW2Vt
— ベルセルク公式ツイッター (@berserk_project) May 20, 2021
Миура беше познат по виртуозниот стил на цртање, со многу детали, како и по сложената приказна и ликовите, поради што се здоби со голем број обожаватели, иако се соочуваше со обвинувања за покажување експлицитни физичко и сексуално насилство во стриповите.
Според „Берсерк“ беа снимени три анимирани серии и беа направени популарни видеоигри за конзоли.
Серијата беше недовршена во времето на смртта на Миура и издавачот, засега, не даде информации дали друг автор ќе ја заврши.
Текстот Почина стрип-генијот Кентаро Миура, автор на манга-серијата „Берсерк“ е превземен од МАКФАКС.