Утрински Весник
Македонија

Од затворот во Штип подигнал кредит со податоци на друго лице

Од затворот во Штип подигнал кредит со податоци на друго лице

Охриѓанец додека бил во затвор преку лажен профил на Фејсбук успеал да измами друго лице и со туѓи податоци да подигне брз кредит.

„ Тој, во периодот февруари-април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено поправната установа „Затвор“-Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук профил, остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“ соопшти СВР Охрид.

Против СВР Н.С.(52) од Охрид е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама“ и ,,злоупотреба на лични податоци“.

Можете да прочитате

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно управување на лесни електрични возила

Драма во Скопје: Украден ГПС уред за следење на возови, загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај

Мицкоски: До крајот на неделата технички исправна вода, а следната недела и за пиење во Гостивар