Утрински Весник
Сцена

Почина продуцентот Стив Бинг

Почина продуцентот Стив Бинг

Лос Анџелес, 23 јуни 2020 (/) – Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-от кат на зграда во Лос Анџелес, објави ТМЗ.

Според медиумите, Бинг страдал од депресија и се самоубил. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација.

Бинг е познат по филмовите „Поларен експрес“ (Polar Express) со Том Хенкс, „Фати го Картер“ (Catch Carter) со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе – „Блесок светлина“ (Shine a light).

Продуцентот има дете со британската глумица Елизабет Харли и, со поранешната тенисерка Лиза Бондер. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка