Утрински Весник
Македонија

Почина Анѓелко Ѓорчев во болницата во Ниш

2bc2d07b F0ab 4e1e 8dbf 59a296281130
300x250 (7)

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

300x250 (7)

Ѓорчев Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.
Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Состојба на патиштата – 24info.mk