Утрински Весник
Магазин

Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети

Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети
Dik 300x250 mk

Американскиот актер Кларенс Вилијамс Трети, најпознат по улогата на полицаец Линк Хејс во крими серијата The Mod Squad, почина на 81-годишна возраст во неговиот дом во Лос Анџелес, од последица од рак на дебелото црево, неговиот претставник Пег Донеган соопшти во неделата.

Вилијамс е роден во Њујорк на 21 август 1939 година.

Кариерата на Вилијамс во театар, телевизија и филм траеше повеќе од пет децении.

Во Америка, тој се прослави со улогата во американската крими серија The Mod Squad, во која играше заедно со Мајкл Кол и Пеги Липтон. Серијата се емитуваше на Еј-Би-Си од 1968 до 1973 година.

Филмската публика го памети и по улогата на таткото на Принс во Purple Rain, по улогата на агентот на ФБИ Роџер Харди во ТВ-серијата Twin Peaks, како добар полицаец во Deep Cover, исто така доби улога во филмот Sugar Hill со Весли Снајпс, и многу други улоги.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои не знаат што е одмор

Студија покажува како кучињата можат да влијаат врз здравјето на жените

Зошто нашите зглобови болат кога се менува времето? Што вели науката?