Утрински Весник
Македонија

Поттикнување на крводарителството преку интернет кампања

Поттикнување на крводарителството преку интернет кампања

Тетово, 2 јуни 2020 (МИА) – Активисти и волонтери од општинската организација на Црвениот крст Тетово преку социјалните мрежи, интернет портали и други платформи ќе го поттикнуваат и мотивираат населението за дарување крв.

– Во овие тешки времиња кога сите се соочуваме со невидлив непријател, во неможност да организираме крводарителскии акции на традиционален начин ги повикуваме сите граѓани да ја покажат својата хуманост со дарување крв. Поради актуелната опасност од ширење на коронавирусот, како и имајќи го предвид зачувувањето на здравјето на населението и нивна заштита, крводарување ќе се организира само во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Тетово, потенцираат од тетовската организација на Црвениот крст.

Изминатата недела 28 лица доброволно се пријавиле во Службата и дарувале крв. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?

Заменик- министерката Трајков порача: Да го реализираме сонот за европска Македонија

Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“