Утрински Весник
Македонија

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот.

Со потпишување на овој меморандум се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност.

Покрај веќе утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива наиз територијата на Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Министерство за млади и спорт од Република Бугарија ќе го поддржи неговото одвивање на нивна територија, а РСМ на територија на нашата држава.

Од страна на Агенција за млади и спорт се предложи активноста за одржување на средношколски игри, кој ќе се одржат во Охрид со учество од над 600 учесници од двете земји. Друга активност , со која се дополни оперативниот план е посета на Младинските центри во РБ, кој работат согласно стандарди на Совет на Европа, со цел размена на искуства.

На крајот од средбата работните групи помеѓу АМС и ММС се договорија во најкус можен рок да подготват акциски план со конкретни термини за реализација на активностите од оперативниот план ,како и да дополнат нови активности, кои се надвор од оперативниот план, но можат да се реализираат во периодот до јуни месец.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија